Дома Трансфер зона Јувентус се договори со Головин, но треба и со ЦСКА

Јувентус се договори со Головин, но треба и со ЦСКА

golovin

„Старата дама“ врши притисок над Русите, со оглед на тоа дека се шпекулира и дека Барселона е заинтересирана.

Италијанските медиуми во денешното издание пишуваат дека Јувентус постигнал договор со рускиот играч за врска Александар Головин, односно дека сега прават се за да ја убедат ЦСКА да го пушти Головин за прилично ниска сума.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Планот е генералниот директор Бепе Марота ова лето да го продаде Стураро во Англија (најмногу се поврзуваше со Вест Хем) за оштета од 20 милиони евра и за таа сума да биде доведен веројатно најдобриот играч на ЦСКА, со одреден процент од евентуалната идна продажба.

Сепак, во ЦСКА веројатно се свесни дека цената на Головин може сериозно да порасне после Мундијалот. Головин беше еден од стрелците на отварањето на првенство против Саудиска Арабија, па така евентуалното чекање да заврши Мундијалот би бил одличен потег за ЦСКА.

Но, Јувентус тоа сигурно нема да го прифати. Марота ќе се обиде да изврши притисок и да го искористи тоа што веќе се договорил со 22 годишниот фудбалер. Покрај тоа споменавме и дека се шпекулира за интересот на Барселона.

Јувентус ќе се обиде се да заврши колку што е можно побрзо, а дали ќе успее останува да покаже наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …