Хрватскиот напаѓач, Никола Калиниќ беше избркан од репрезентацијата на Хрватска од Светското првенство.
Селекторот Златко Далиќ му се заблагодари на Калиниќ и го испрати дома, јавуваат медиумите во Хрватска, а причина за тоа е неговото одбивање да влезе во игра пет минути пред крајот со дуелот против Нигерија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога го отпишаа и во Милан, делува дека се е црно за Никола, но има и убави работи. Овој искусен напаѓач има неколку понуди, а меѓу останатото и од Севиља.
Исто така, гигантите од Турција, Бешикташ, Фенербахче и Галатасарај се подготвени да го купат, а добро е познато дека овие тимови имаат расположливи средства и дека нема да им биде проблем да му понудат добра плата.
И покрај тоа, кој знае како сега тие ќе гледаат по новиот прекршок, а и претходно беше поврзуван со многу инциденти.