Секако, трансферот се уште не е завршен, но Белгиецот ги договори своите услови.
Постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на ситуацијата во која Иван Заморано поради неможноста да ја земе својата „деветка“ во Интер која ја носеше Роналдо избра на дресот да носи 1+8.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега во тимот на „нероаѕурите“ повторно би можеле да видиме слична ситуација.
Интер и Рома преговараат околу Раџа Наинголан, Белгиецот би сакал да се придружи на тимот на Спалети иако има богати понуди од Кина, но и од Наполи.
Раџа сака во Интер, Рома бара околу 40 милиони евра, Интер се обидува да пронајде формула поради ФФП, но изгледа дека договорот е на повидок.
Наинголан во Интер наводно го барал дресот со број 4, но тој е повлечен бидејќи го носеше легендарниот капитен, Хавиер Занети.
Поради тоа ако Наинголан потпише за Интер ќе оди по примерот на Замаорано и на својот грб ќе носи 2+2.
Нема сомневање дека овој дрес би бил навистина популарен, но да почекаме прво Интер и Рома да постигнат договор.