Италијанскиот шампион Јувентус ќе се обиде да го донесе во своите редови дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг, пренесува „Билд“.
Договорот на Боатенг со Баварците завршува во 2021 година, но самиот фудбалер потврди дека размислува да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството на Баерн нема да му стои на патот и чека адекватни понуди, а интерес за Германецот покрај премиерлигашите покажува и Јувентус.
„Старата дама“ има одлични односи со Баерн и наскоро двата клуба ќе започнат преговори за трансферот.
Германските медиуми тврдат дека Баерн за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека „бјанконерите“ се спремни да платат 25 милиони евра