Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ако очекувате победа на Шпанија вечерва, ова треба да го прочитате!

Ако очекувате победа на Шпанија вечерва, ова треба да го прочитате!

Ситуацијата е јасна, а тоа ни малку не и одговара на „Фуријата“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дерби натпреварот на вториот ден од Мундијалот го играат Португалија и Шпанија со почеток вечерва од 20:00 часот.

Доколку сакавте вечерва да играте на победа на Шпанија прво прочитајте го овој податок.

Ждребот сакаше формален домаќин на оваа средба да биде Португалија, што значи дека Рамос и друштвото ќе мораат да настапат во резервната гарнитура на дресови во бела боја. Историјата покажува дека на Шпанците баш и не им оди кога се „гости“.

Шпанија на светските и европските првенства изгуби на последните шест натпревари во кои играше со резервната гарнитура. Црната низа започна во ¼ финалето на
Мундијалот во 1994 година (пораз од Италија), потоа продоложи во групната фаза во Франција (од Нигерија 2:3).

Потоа следуваше пораз токму од Португалија на Европското првенство во 2004 година, па бламажата од Холандија во Бразил, како и поразот од 2:1 од Хрватска пред две години и елиминацијата од Италија во 1/8 финалето на истиот турнир.

Прилика да стават крај на овој „малер“ ќе имаат вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Како сето ова успеал да го внесе на стадионот? Виралниот навивач на Атлетико пак правеше сендвичи (Видео)

Среде натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал (1:1), фокусот на гледачките очи го при…