Дома Трансфер зона Изненадување: Јувентус има нов напаѓач!

Изненадување: Јувентус има нов напаѓач!

Буквално од никаде, промоција во Торино!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус се поврзуваше со повеќе играчи, веќе беа официјализирани Калдара, Спинацола и Перин, се чека Емре Чан, а во Јуве се надеваат дека може да ангажираат и еден бек. Желби се Дармијан од Јунајтед и Кансело од Валенсија.

Покрај големиот број трансфер гласини, денес во Торино беше официјализиран и еден трансфер.

Нов член на Јувентус е 21 годишниот напаѓач, Андреа Фавали.

Тој во Јувентус пристигнува од Асколи, минатата сезона во Серија Б постигна пет погодоци и запиша една асистенција на 12 настапи.

Минатото лето го засили Асколи кој на Ливорно му плати два милиони евра, а своевремено една година помина во младинскиот погон на „старата дама“, во сезоната 2015/2016, запиша и еден настап за првиот тим.

Од Јувентус потврдија дека Фавали ги поминал лекарските прегледи и потпиша договор до 2023 година, а „бјанконерите“ за неговите услуги платија 7.5 милиони евра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…