Откако Реал се договори со Алисон, вечерва медиумите во Шпанија и Италија тврдат дека договор е постигнат и помеѓу клубовите!
Реал Мадрид го доведе првиот „Галактикос“ оваа сезоан. Како и што се претпоставуваше, со заминување на Зидан дојде и крајот на ерата на Кејлор Навас.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Реал Мадрид го договори трансферот на Бразилецот Алисон Бекер од Рома за сума од 75 милиони евра, колку и што бараше Рома.
Со тоа е срушен светскиот рекорд стар 17 години кога се голманите во прашање. Тогаш Јувентус го купи Буфон од Парма за 60 милиони евра.
Алисон го носи прекарот „Меси помеѓу голманите“ и на Мундијалот во Русија се очекува да биде прв голман на „Кариоките“, пред Едерсон од Манчестер Сити.
Прво се споменуваа 60 милиони евра, но 75 милиони беа премногу добра понуда за сопствениците на Рома да кажат „НЕ“!
Алисон со Реал Мадрид ќе потпише договор на шест години!