Дома Топ вести Сега изгледа е конечно готово! Вечерва завршува сагата – „Гризман“! (видео)

Сега изгледа е конечно готово! Вечерва завршува сагата – „Гризман“! (видео)

За неговиот трансфер се пишува веќе една година, вечерва како што самиот најавува неговата одлука ќе биде соопштена!

Антоан Гризман важи за еден од најдобрите светски играчи, остави длабока трага во Атлетико Мадрид, а вечерва ќе ја соопшти одлуката дали и наредната сезона ќе го гледаме на „Ванда Метрополитано“.


Французинот прво се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но сега има само две опции (барем во овој момент) останување во Атлетико или заминување во Барселона!

Како што беше објавено на „Твитер“ профилот на компанијата за телекомуникации „Мовистар“ Гризман својата одлука ќе ја соопшти вечерва во 21:15 часот!

„Знам дека ви се смачија коментарите за тоа дали си заминувам или останувам и колку ќе добијам. Но вистината ќе ја соопштам сега“, изјави Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…