Дома Фудбал Англија Порака од Азар до Челзи: Сакам да знам кој ќе биде наш тренер!

Порака од Азар до Челзи: Сакам да знам кој ќе биде наш тренер!

azar

Белгиецот наводно е незадоволен што клубот не прави апсолутно ништо околу разјаснување на иднината на Антонио Конте и тоа што се уште не се работи на засилувањата.

Не е тајна дека директорката на Челзи, Марина Грановскаја, забрзано работи за договор со Конте за заминување, а паралелно со тоа клубот наводно е во преговори со неколку тренери (Сари, Лоран Блан, Славиша Јокановиќ). Засега прв кандидат е Србинот Јокановиќ.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во меѓувреме од тренинг кампот на Белгија стигна порака до Челзи.

„Ја оставам управата на Челзи да ја работи работата која најдобро ја знае, но би сакал да знаме кој ќе биде наш тренер наредната сезона. Да, би сакал тоа да го знам, иако сега сум фокусиран на Мундијалот. Ако добиваме нов тренер или играчи, секогаш е добро да бидете во тек. Сакам во Челзи да играат фудбалери кои можат да донесат успех“, изјави Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Варан ја заврши кариерата!

Како и што се најавуваше Рафаел Варан објави крај на кариерата како фудбалер, а во иднина …