Дома Фудбал Италија Кристанте пристигна во Рома (фото)

Кристанте пристигна во Рома (фото)

Како што вчера беше најавено, Рома денес го комплетира третото засилување, а станува збор за Брајан Кристанте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кристанте доаѓа на „Олимпико“ после фантастичната сезона во Аталанта, а „волчицата“ за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони во име на бонуси.

Меѓутоа, според формулата на трансферот Рома ова лето ќе плати само 5 милиони евра, а останатите 25 дури следното лето.

Кристанте кој беше мета на многу европски гиганти денес пристигна во Рим и позираше со шалот на Рома.

„Среќен сум што сум овде и што ќе играм за вака голем клуб. Не можам да дочекам да играм Лига на шампиони“, изјави Кристанте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Рубен Аморим станува тренер на италијански гигант!

Според најновите информации објавени од Фабрицио Романо, Рубен Аморим ќе стане новиот глав…