Дома Останати Нова лоша вест од Ѓоковиќ – ја пропушта сезоната на трева?

Нова лоша вест од Ѓоковиќ – ја пропушта сезоната на трева?

Новак Ѓоковиќ денес доживеа пораз од сензацијата Марко Чекинато и не успеа да се пласира во полуфиналето на „Ролан Гарос“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По мечот српскиот тенисер му честиташе на Чекинато, но ги загрижи фановите и најави нова пауза.

„Му честитам! Играше одлично од самиот почеток, а мене ми требаше време да се разиграм. Откако се загреав беше подобро, но не успеав да ги искористам моите шанси. Тој остана смирен во клучните периоди, а мене во некои моменти ми недостигаше и среќа“, истакна Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ за време на мечот се жалеше во болки на вратот.

„Не знам дали ќе играм на турнирите на трева“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ждреб за Вимблдон: Еве кога може да се сретнат Ѓоковиќ и Синер.

Новак Ѓоковиќ на отварањето на Вимблдон ќе игра со кинескиот тенисер Ву Жибинг, додека Јан…