Новиот тренер на Наполи спрема голем трансфер од редовите на Пари Сент Жермен, тврдат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Анчелоти е силно заинтересиран во својот тим да го донесе аргентинскиот плејмејкер Хавиер Пасторе.
Пасторе минатата сезона падна во втор план во ПСЖ и ова лето сигурно ќе ја промени средината, а никогаш не криел дека сака да се врати во Италија.
Неговиот договор со ПСЖ истекува во 2019 година, што ќе му овозможи на Наполи да го донесе во своите редови за пониска трансферна цена.
Пасторе се поврзува и со трансфер во Вест Хем, но негов приоритет е Наполи, а трансферот би требало да изнесува 20 милиони евра.