Со емотивна порака од Вардар и од Македонија се прости специјалистот за одбрана Илија Абутовиќ кој својата кариера ќе ја продолжи во Германија во тимот на Рајн Некар Левен. Абутовиќ цели седум години ги бранеше боите на Вардар, а пред да замине со емотивна порака на Инстаграм се прости од навивачите и од нашата држава.

„Тешко е да се напише било што по седум години, само сакам да кажам дека сум горд што бев на оваа генерација на Вардар и горд сум на тоа што го постигнавме оваа година. Фала Македонија, Скопје, Вардар, фала на навивачите, на сите кои што беа дел од оваа екипа! Време е за ново поглавје во животот. Засекогаш во срцето, Скопје, Вардар, Македонија“, напиша специјалистот за одбрана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

РК Вардар потврди ново засилување и тоа од – Клоштад!

Вардар го освежи својот стручен тим со доаѓањето на нов асистент кој ќе му помага на Гиљер…