Дома Фудбал Англија Ништо од Сари: Челзи тргнува по Лоран Блан

Ништо од Сари: Челзи тргнува по Лоран Блан

Англиските медиуми пренесуваат дека настанало пресврт во преговорите и сега во пол позиција за клупата на Челзи е францускиот стратег Лоран Блан.

Познато е дека Маурицио Сари беше првиот избор на раководството на „сините“, но преговорите не течат во вистински правец.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, Италијанецот се уште е под договор со Наполи, кој бара да биде платена откупната клаузула за да го ослободи. Меѓутоа, раководството на Челзи не сака да ги плати бараните 8 милиони евра.

Поради тоа, англиските медиуми тврдат дека сега „сините“ се насочиле кон Лоран Блан. Екс тренерот на ПСЖ и француската репрезентација е слободен агент, па се очекува двете страни брзо да ја договорат соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…