Дома Фудбал Останато Фудбалот би бил поинаков: Роналдо можел да биде абортиран!

Фудбалот би бил поинаков: Роналдо можел да биде абортиран!

ronaldo dolores

Мајката на ѕвездата на Реал Мадрид и светскиот фудбал, Долорес Авеиро, неодамна ја промовираше својата книга „Мајка на храброста“.

На промовирањето најголемо внимание привлече делот во кој таа зборуваше за нејзиниот најпознат син Кристиано Роналдо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Долорес била напуштена кога имала само шест години, живеела во дома за деца без родителите, а и кога излегла продолжила да живее во тешки услови.

Подоцна таа се запознала и се омажила за Хозе Диниес Алвеира и со него добила две деца пред тој да замине во војна. По враќањето, како што раскажува таа тој бил поинаква личност, започнал да пие и да и создава големи проблеми.

Токму поради тоа таа размислувала да ја прекине бременоста.

„Во тој момент веќе имав три деца (eдно од претхдниот сопруг), навистина сакав да абортирам но не срцето не ми дозволи. Сега сум му благодарна на Бог што сето тоа така излезе. Кристиано е ѕвездата која го осветли мојот живот и не можам да опишам колку сум среќна“, изјави помеѓу другото Долорес.

Сигурно и целиот фудбалски свет и е благодарен на Долорес што донела таква одлука, дефинитивно фудбалот без Роналдо не би бил ист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“ која не се очекува: Салах ќе заврши како Меси?!

Мохамед Салах предизвика реакции на „Енфилд“, а интерес за неговата ситуација наводно пока…