Дома Фудбал Останато Роналдо купува шпански второлигаш за 30 милиони евра?

Роналдо купува шпански второлигаш за 30 милиони евра?

Некогаш најдобриот фудбалер во светот, Роналдо има големи планови кога во прашање е неговата иднина.

Бразилецот и претходно изјавуваше дека би сакал да купи клуб од Шпанија или Англија и да направи нешто иновативно, а сега како што пренесуваат бразилските медиуми повлекол и конкретен потег.

Медиумите пишуваат дека Роналдо понудил 30 милиони евра за купување на шпанскиот второлигаш Реал Ваљадолид кој своевремно се натпреваруваше и во првата шпанска лига.

„Би сакал нешто ново. Верувам дека сум спремен за тој предизвик“, изјави Роналдо.

Роналдо после богатата играчка кариера одлучи да се откаже од фудбалот. Во својата кариера го носеше дресот на Крузеиро, Реал Мадрид, Барселона, ПСВ, Интер, Коринтијас и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не беше лесно да се каже „не“ на Реал Мадрид, објасни Родри

Новиот играч за врска на Барселона Родри објасни дека лично го информирал тренерот на Реал…