Дома Трансфер зона Фернадо Торес има нов клуб – се беше откриено поради грешка! (Фото)

Фернадо Торес има нов клуб – се беше откриено поради грешка! (Фото)

torres

Искусниот напаѓач Фернандо Торес има нов клуб!

Легендарниот шпански фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Јапонија каде што ќе потпише договор со екипата на Саган Тосу.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Медиумите во оваа земја на бизарен начин дознаа дека Торес ќе стане нов член на овој клуб. Саган Тосу на својот официјален профил објави дека пристигнува шпанскиот голгетер, но текстот набрзо беше избришан.

Сепак, се остана забележано. Извесно е дека 34 годишниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Јапонија. „Марка“ наведува и дека поранешниот фудбалер на Атлетико, Ливерпул и Челзи ќе заработува околу четири милиони евра годишно.

Да потсетиме, пред неколку дена трансфер во Јапонија направи легендарниот Андрес Иниеста која стана член на Висел Кобе.

Очигледно јапонската прва лига станува се поинтересна за големото ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…