Дома Фудбал Англија Клоп за Фабињо: Добивме квалитетен играч и добар човек, со голема интелигенција

Клоп за Фабињо: Добивме квалитетен играч и добар човек, со голема интелигенција

Ливерпул вчера го обезбеди потписот на Фабињо од Монако кој пристигнува за сума од 50 милиони евра (45+5 како бонуси).

Фудбалерот веќе зборуваше пред медиумите и откри зошто го избрал Ливерпул.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега изјава на тема „Фабињо“ даде и стратегот на „црвените“ Јирген Клоп, кој го опиша Бразилецот како фудбалер со голема интелегенција.

„Добивме квалитетен играч на теренот, но и добра личност надвор од него. Фабињо во себе има капацитет да игра на највисоко ниво, тоа всушност е и најважно. Може да игра на повеќе позиции, а со тоа се отвараат и повеќе можности за клубот. Задоволен сум што успеавме да го доведеме, како и не би бил. Поседува голема ителегенција и знае да одигра тактички“, истакна Клоп“.

Да потсетиме, Клоп полека создава фантастичен среден ред. Кеита го обезбеди минатото лето, а на Островот на големо се пишува и дека „црвените“ испртиле понуда за Набил Фекир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер може да го замени Бастони со фудбалерот од кого Јувентус лесно се откажа

Интер го напушта дефанзивецот Алесандро Бастони, кој е на чекор од потпишување договор со …