Дома Фудбал Останато СЕ за трансферот на Фабињо – зошто Ливерпул, контактот со Фирмино, кој играч сака да го види на „Енфилд“…

СЕ за трансферот на Фабињо – зошто Ливерпул, контактот со Фирмино, кој играч сака да го види на „Енфилд“…

fabinho

Како „гром од ведро небо“ изминатата вечер одекна вест дека Ливерпул го обезбедил Фабињо, набрзо потоа беше и се завршено. Бразилецот пристигна на „Енфилд“ за сума од 50 милиони евра.

Ливерпул зад „затворени“ врати успеа да го договори сигурно еден од најпосакуваните играчи на трансфер пазарот кој во последно време најмногу се поврзуваше со Атлетико Мадрид.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фабињо не го криеше задоволството поради трансферот во Ливерпул, а на новинарите на радио „Монте Карло“ има ги откри најважните детали – зошто Ливерпул, колку понуди имал, зошто го посакува Фекир на „Енфилд“…

Пред се Бразилецот откри зошто ги избрал „црвените“?

„Ливерпул е голем клуб, многу амбициозен кој направи убави работи во последните години. Играа финале во Лигата на шампионите, се наоѓаат во врвот на Премиер лигата, верувам дека многу ќе научам тука. Ја сакам Премиер лигата и се надевам дека заедно ќе направиме големи работи“, порача Фабињо.
Како апсолутно никој не знаел дека Ливерпул завршува голем трансфер?

„Контактите постоеа неколку недели. Разговарав со луѓето во клубот, со Клоп кој ме убеди да дојдам. Сакав да одам во клуб кој навистина ме посакува. На крајот, беше лесно да кажам – ДА. Малку размислував и му кажав на агентот дека може да ја заврши работата. Многу сум среќен што работата е завршена пред почетокот на преодниот рок“.

Фабињо откри и дека во целата работа се вмешал и сонародникот Фирмино.

„Фимрино ме повика, се слушнавме неколку пати. Се познаваме добро, заедно сме соиграчи во репрезентацијата. Многу ми помогна и тоа што разговарав со Клоп. Навистина ми дадоа многу аргументи зошто Ливерпул е вистинскиот избор. Покажаа дека навистина ме сакаат“

Сега кога веќе е фудбалер на Ливерпул, довчерашниот играч на Монако има една желба – Набил Фекир од Лион да му се придружи.

„Да, би сакал да го видам во Ливерпул. Тој е страшен играч. Во Лига 1 веќе покажа колку е добар. Би било навистина одлично доколку пристигне“, заврши Фабињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…