Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мартинез: Ќе ми беше многу полесно доколку го повикав Наинголан, но тоа ќе беше грешка

Мартинез: Ќе ми беше многу полесно доколку го повикав Наинголан, но тоа ќе беше грешка

naingolan

Селекторот на Белгија која веќе еднаш ја објаснуваше одлуката да не го повика Раџа Наинголан, сега повторно зборуваше на оваа тема.

Роберто Мартинез не го повика Наинголан за Мундијалот во Русија, а оваа негова одлука крена огромна прашина, посебно во Белгија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Раџа имаше одлична сезона во Рома, но на крајот сепак остана без повик.

„Ќе ми беше многу полесно доколку го повикав, но тоа ќе беше голема грешка за сите нас. Немаше да биде исправна одлука“, изјави Мартинез за белгиските медиуми и продолжи:

„Не носам одлуки врз база на имињата. Бирам играчи кои можат да придонесат за топ перформанс на репрезентацијата. Некои одлуки не ве прават популарни, но тоа е работата на селекторот“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…