Андрес Иниеста пред неколку дена и официјално потпиша договор со јапонскиот Висел Кобе каде што сега беше и официјално претставен пред околу 8.000 гледачи.
Искусниот играч за врска одлучи да ја напушти Барселона во која ја помина својата досегашна кариера и на крајот се одлучи за Висел Кобе каде што годишно ќе заработува 25 милиони долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иниеста денес беше и официјално претставен пред навивачите на својот нов клуб, а на стадионот го пречекаа околу 8.000 фанови на Кобе кои му приредија величествен пречек на фудбалскиот уметник.