Дома Останати Кошарка Видео: Сензационален настап на Леброн за седми натпревар во финалето на Истокот!

Видео: Сензационален настап на Леброн за седми натпревар во финалето на Истокот!

Уште еден сензационален настап на Леброн Џејмс во плеј-офот за најдобра можна завршница на финалето на Истокот во кое ќе гледаме седми натпревар.

Кливленд на свој паркет славеше со резултат 109:99. Бостон беше подобар само во првата четвтина, за клучната разлика домаќинот да ја направи во втората четвртина (14:3) и од тој момент Кавси не дозволија Бостон да им се приближи на разлика помала од седум поени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најзаслужен за победата на Кливленд беше кој друг ако не Леброн Џејмс!

„Кралот“ за 46 минути на паркетот постигна исто толку поени, додаде 11 скокови и девет асистенции.

Кевин Лав се повреди на стартот, но голема помош Џејмс имаше од расположениот Хил (20 поени), Грин (14) и Ненси (10). Иначе ова беше седми натпревар во овогодинешниот плеј-оф на кој Леброн постигнува повеќе од 40 поени.

Кај Селтикси најдобри беа Тери Розир со 28 поени и Џејлејн Браун со 27 поени, Татум уфрли 15.

Одлучувачкиот натпревар во кој ќе го добиеме шампионот на Истокот и финалистот во НБА се игра во ТД Гарден, каде што Селтикси оваа сезона немаат ниту еден пораз.

Закажан е за ноќта помеѓу недела и понеделник од 02:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Двајца Италијанци не можеле да поверуваат кого сретнале на бензинска пумпа – Лука Дончиќ!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ веќе подолго време има репутација на скромно момче, секо…