Аргентинскиот тенисер е прогласен за два меча одиграни во 2015 година.
Николас Кикер, денес 84 тенисер во светот наместил два натпревари во Падова и во колумбиската Баракила, објави единицата за интегритет на тенисот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед дека Кикер не пријавил се што знае околу местењето натпревар, против него се отвара истражна постапка и му се заканува долгогодишна суспензија.
Како е „уловен“?
Колумбиецот беше фаворит против Еквадорецот, Џовани Лапенети, а за него коефициентот беше 1.50. Лапенети направи брејк на стартот, но Аргентинецот направи пресврт на 5:2 и сервираше. Тогаш коефициентот место 1.25 за победа на Аргентинецот изнесуваше неверојатни 3.30.
Откако Лапенети поведе со 4:2 во вториот срт коефициентот за него изнесуваше 1.12. При 4:4 во третиот сет, Кикер сервираше две двојни грешки за изедначување и на крајот ја испушти победата, случно беше и во Падова против Леја каде што исто така беше фаворит.
Сега го очекува жестока парична казна, но многумина очекуваат и доживотна забрана за професионално занимавање со тенис.