Со доаѓањето на Унаи Емери на клупата на Арсенал секако се очекуваат и промени, а во текот на летото се очекува да освежување и промени во играчкиот кадар.
Според последните информации кои пристигнуваат од Апенините и тоа не од било кој тука од експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио Арсенал го сака Лорецо Пелегрини од Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога за нешто пишуваат „Скај Спорт“ и Џанлука Ди Марцио во тоа многу веројатно има и вистина.
Пелегрини полни 22 години следниот месец, а од 2015 до 2017 години настапуваше за Сасуоло. Оваа сезона го носеше дресот на Рома и на 37 натпревари постигна три погодоци и забележа пет асистенции.
Во својот договор Пелегрини има откупна клазула од 30 милиони евра, но клубот од Лондон ќе се обиде да преговара околу оштетата. Доколку сепак не успеат да се договрат како негова алтернатива и план „Б“ за Арсенал се споменува Денис Прат од Сампдорија.
Треба да се истакне и дека овие двајца фудбалери од претходно се на радарот и на Јувентус, а Пелегрини има важечки договор со Рома до 30 јуни 2022 година.