Дома Фудбал Каков Роналдо, навивачите на Ливерпул се плашат од – Ловрен!

Каков Роналдо, навивачите на Ливерпул се плашат од – Ловрен!

Кога и да зборува пред натпреварот, тоа е лошо по клубот, барем така сметаат навивачите на „црвените“.

Дејан Ловрен пред финалето во Лигата на шампионите зборуваше за Кристиано Роналдо.

„Тој е страшен играч, јасно е дека мораме да бидеме внимателни, да се браниме заеднички. Ќе останам со него во ситуација „еден на еден“, спремен сум, работев напорно, можам да го запрам“, со самодоверба зборуваше Хрватот.

Ова не е прв пат Ловрен да дава вакви изјави, а навивачите на Ливерпул сметаат дека тоа не е добро.

„Замолчи, не се плашиме од Роналдо, туку од тебе!“, гласат поголемиот број пораки од фановите на Ливерпул.

„Кажете му да молчи, нека не игра“

„Кога и да зборува вака, на крајот ги упропастува натпреварите. Молчи, те молам“, пишуваат суеверените навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заниоло го напушти кампот на Италија: „Не беше лесно, почитувајте ја мојата приватност“

Николо Заниоло објасни дека одлуката да се повлече од репрезентативниот собир е исклучиво …