Пари Сент Жермен оваа сезона ги освои сите трофеи во Франција, но сепак не беше остварена глабната цел во Лигата на шампиони.
„Светците“ ова лето сакаат додатно да го засилат тимот, но треба да бидат внимателни поради финансискиот фер-плеј.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новиот тренер Томас Тухел сака млад и перспективен стопер кој ќе биде партнер на Маркињос, а италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ испратил понуда од 40 милиони евра за Матија Калдара.
Калдара се уште нема одиграно ниту еден натппревар за „старата дама“ бидејќи беше на позајмица во Аталанта.
Меѓутоа на 24-годишниот дефанзивец му се предвидува блескава кариера бидејќи важи за голем талент.
Сепак, медиумите информираат дека Јувентус експресно ја одбил понудата на „светците“.