Хрватскиот репрезентативец, Марио Манџукиќ ова лето би можел да го промени клубот, а странските медиуми објавија дека постои шанса да си оди дури и во Турција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според медиумите во Турција, Бешикташ за време на паузата од две сезони се обидува да ја зајакне својата екипа со двајца фудбалери од Серија А. Прв на листата е Марио Манџукиќ од Јувентус, а другиот е Бруно Перес од Рома.
Не е тајна дека Манџукиќ не е најсреќен во Јувентус, најмногу поради доаѓањето на Игуаин обично не игра како класичен туку како крилен напаѓач. Хрватот сакаше да игра на својата природна позиција, а во Јувентус тоа е тешко поради силната конкуренција.
Статусот на Манџукиќ во Јувентус не е познат, но сепак треба да се разговара со управата на клубот иако се поставува прашањето дали хрватскиот репрезентативец е заинтересиран да потпише за Бешикташ и со тоа да направи чекор наназад во кариерата. Колку Турците се подготвени да платат, за сега не е познато.
Кога станува збор за Бруно Перес, за Бразилецот Бешикташ е многу пореална опција од Манџукиќ, но за неговото доаѓање треба да издвојат околу десет милиони евра.