Дома Трансфер зона Асамоа ги помина лекарските прегледи во Интер

Асамоа ги помина лекарските прегледи во Интер

Фудбалерот на Јувентус, Квадво Асамоа денес ги помина медицинските прегледи и во наредните денови ќе стави потпис на договорот со Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Асамоа како слободен агент ќе го напушти италијанскиот шампион и кариерата ќе ја продолжи во редовите на големиот ривал од Милано.

Ганецот денес ги помина лекарските прегледи, а следната недела ќе стави потпис на тригодишен договор „тежок“ 3 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Асамоа шест години е член на „старата дама“ и во сабота ќе го одигра својот последен натпревар, а после прославата на Скудетото и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Интер.

Асамоа ќе биде третото засилување на „нероаѕурите“ за следната сезона после Лаутаро Мартинез и Стефан де Вриј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…