Џанлуиџи Донарума уште минатото лето го наруши односот со навивачите на Милан, а тоа што се случи на последниот меч во Бергамо само покажува дека врската меѓу фановите и младиот голман е комплетно уништена.
Имено, по завршувањето на мечот со Аталанта Донарума им се приближи на навивачите и сакаше да им го подари дресот, но тие одбија да го земат неговиот дрес.
#Milan
Le immagini del rifiuto della maglia di @gigiodonna1 da parte della curva rossonera a Bergamo ? pic.twitter.com/jZzlnvvphW— Simone Cristao (@SimoneCristao) May 14, 2018
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Донарума последните неколку дена е мета на големи критики поради неговите грешки во финалето на Купот на Италија, како и на вчерашниот меч против Аталанта.
Навивачите сметаат дека за сето тоа е виновен неговиот агент Мино Раиола, кој постојано шпекулира со неговата иднина, што создава немир кај младиот голман, па оваа сезона направи многу грешки на теренот.
Навивачите уште пред неколку месеци го условија да се откаже од неговиот агент, а бидејќи Донарума одби да го направи тоа тие комплетно му го свртеа грбот.