Дома Фудбал Германија Оптимизам во Баерн: Ноер ќе игра во финалето на Купот

Оптимизам во Баерн: Ноер ќе игра во финалето на Купот

Тренерот на Баерн Минхен Јуп Хејнкес е оптимист во опоравувањето на голманот Мануел Ноер и смета дека ќе биде спремен за настап во финалето на Купот.

Ноер заработу фрактура на стапалото уште во септември и од тогаш е надвор од терените. Ноер нема да игра на утрешниот последен меч во Бундес лигата, но Хејнкес ја остави отворена вратата за негово враќање во финалето против Ајнтрахт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ќе видиме дали Маниел ќе биде дел од групата за финалето во Берлин. Од тоа што го гледам сум оптимист. Тој веќе тренира регуларно во последно време и се чувствува конфорно на терените“, изјави Хејнкес.

Искусниот стратег притоа напомена дека е оптимист во целосното опоравување на Ноер до почетокот на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Италија Јамал и Мусиала ќе беа во Серија “Б”, критичен е Клинсман

Поранешниот напаѓач на Интер Јурген Клинсман се приклучи кон критиките за состојбата во ко…