Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума беше главниот виновник за големиот пораз на „росонерите“ во финалето од Купот, бидејќи буквално „му поклони“ два гола на Јувентус.
Донарума беше жестоко критикуван во изминатите два дена и поктрај фактот што клубот и тренерот Гатузо застанаа во негова одбрана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
19-годишниот голман со солзи во очите го напушти „Олимпико“, а сега конечно се огласи и истакна дека гледа напред и дека грешките се составен дел од фудбалот.
„Сите сме многу разочарани. Имавме голема желба да го освоиме трофејот и жалиме што не успеавме. Сите правиме грешки, за жал улогата на голманот е деликатна и грешките се плаќаат скапо“, изјави Донарума.
„Веднаш ја свртевме страницата, разочарувањето е нормално, но треба да гледаме напред. Ни претстои многу важен дуел со Аталанта кој сакаме да го победиме. Јас особено имам голема желба да го докажам мојот квалитет“, додаде младиот голман.