Изгледа навистина нереално, но италијанските медиуми пренесуваат дека сепак е можно.
„Росонерите“ се наоѓаат на шестата позиција на табелата во Серија А, имаат еден бод повеќе од Аталанта на две кола пред крајот, додека Наполи заостанува шест бодови зад лидерот Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку Милан остане без моменталната позиција, поточно доколку не успее да избори место во Лигата на Европа, Гатузо би можел да заработи отказ, а италијанските медиуми пишуваат дека би можело да дојде до „трејд“ помеѓу Милан и Наполи.
Имен, доколку Сари и дефинитивно донесе одлука да го напушти „Сан Паоло“, Милан би можел да се обиде да го доведе во своите редови. Во тој случај Гатузо би останал без работа, а Наполи би бил тука да го доведе на местото на Сари.
Покрај тоа „Газета дело Спорт“ наведува и дека без разлика на исходот на сезоната Милан би можел да го напушти спортскиот директор Масимилијано Мирабели и за него е заинтересан – Наполи! Од друга страна пак Милан наводно стапил во контакт со спортскиот директор на Наполи, Кристиано Џинтоли.
Ова би било навистина епска размена, сепак останува да видиме колку во сето ова има вистина и дали е реално. Да потсетиме, Маруицио Сари веќе има понуди од Премиер лигата.