Како што пренесуваат шпанските медиуми Барселона е спремна да го продаде Луис Суарез ова лето, но само под еден услов.
Уругвајскиот напаѓач е еден од најдобрите поединци во Барселона кој оваа сезона постигна 30 гола во сите натпреварувања. Суарез неколку години е ударна игла кај Каталонците и откако пристигна на „Камп Ноу“ 196 натпревари на кои постигна 151 гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона ќе му дозволи на Суарез да замине ова лето и тоа поради една причина. Имено, Каталонците се подготвуваат за доаѓање на Антоан Гризман со кого веќе имаат договор и ќе ја активираат откупната клаузула од 100 милини евра.
Иако Суарез неодамна изјави дека Гризман е добредојден и дека во него не гледа конкуренција, сепак Французинот би требало да го заземе неговото место во тимот.
Уригваецот веќе има 31 година, па ова ќе биде последна шанса Каталонците добро да заработат на неговата продажба.