Дома Фудбал Репрезентации Легендарниот Ромарио со совет до младиот напаѓач: Многу секс, концентрација и голови

Легендарниот Ромарио со совет до младиот напаѓач: Многу секс, концентрација и голови

Ромарио имаше интересен совет за напаѓачот на Бразил пред Мундијалот во Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мундијалот во Русија е се поблиску, а Бразилците имаат тим од кој многумина очекуваат да стигне далеку.

Бразил ќе игра во група со Србија, Швајцарија и Костарика, а еден од поважните играчи се очекува да биде напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Хесус.

Хесус сега доби совет од поранешниот најдобар играч во светот и легенда на „Кариоките“, Ромарио.

„Многу секс, концентрација и голови. Да се има доволно секс е еден од моите совети, баш како и користењето што е можно повеќе слободни денови, а потоа следи фокусирање на натпреварите. Хесус секако мора да оди на Мундијалот и да постигнува голови, без оглед на се“, изјави Ромарио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вардар пред натпреварот со Купс остана без двајца фудбалери

На само два дена пред првиот дуел со Купс во воведното квалификациско коло од Лигата на ша…