Реал трета година по ред игра во финалето на Лигата на Шампионите, но во Мадрид не се презадоволни од оваа сезона.
Во Примера одамна испаднаа од борбата за титулата, а не се прославија ниту во Купот на кралевите. Мадридскиот клуб планира голема реконструкција на тимот во следниот трансфер период, а на двајца фудбалери подготвен е да потроши 500 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Напаѓачкото трио „BBC“ (Бејл, Бензема, Кристиано) си заминува во историјата, а би требало да го наследи уште посилното „SCN“ (Салах, Кристиано, Нејмар).
Сите се убедени дека Нејмар уште пред да започне Светското првенство ќе потпише за Реал, кое задоволство ќе го плати 300 милиони евра. Поранешниот играч на Барселона за добредојде во Мадрид би требало да го носи и дресот со број 10 кој би го добил од Лука Модриќ.
Мадридските медиуми јавуваат дека претседателот на Реал, Флорентино Перез е подготвен да го плати Салах 200 милиони евра. Ливерпул тоа наводно е подготвен да го прифати, бидејќи тренерот Јирген Клоп не верува дека Египќанецот ќе може да ја повтори оваа сезона.
Во Реал тие пари планриаат да ги обезбедат од продажбата на неколку играчи, но и преку парите од спонзорите, билетите и продажбата на дресовите.