Дома Фудбал Репрезентации Мундијалот во 2026 во три држави?

Мундијалот во 2026 во три држави?

sp

Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер даде свој предлог за организација на Мундијалот во 2026 година.

САД, Канада и Мексико поднесоа заедничка кандидатура за организација на Светското првенство во 2026 година, а противкандидат им е Мароко.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Три големи држави заедно можат да организираат Светско првенство…Сите докажаа дека можат сами да го организираат, па така зошто не би можеле заедно?“, изјави Блатер во интервју за „BBC“.

Светското првенство само еднаш во својата историја се одражло во повеќе земји и тоа во 2002 година кога домаќини беа Јапонија и Јужна Кореја.

Блатер кој е суспендиран од фудбалот поради корупциски скандал го критикуваше основањето на работна група која може да исклучи кандидат и пред официјалното гласање. Тој тврди дека тоа не смее да се направи и дека секој има свое право да биде на Конгресот на ФИФА, па дури и оној кандидат кој не е доволно добар.

„Поради то се залага Мароко да биде на Конгресот. Мароко не смее да биде елиминиран пред Конгресот на ФИФА“, смета Блатер.

Одлуката за тоа кој ќе биде домаќин на Светското првенство во 2026 година ќе биде донесена на 13 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…