Дома Фудбал Англија Ждребот за Премиер лигата е – „наместен“!

Ждребот за Премиер лигата е – „наместен“!

Потврдата стигна, ждребот во Премиер лигата не е сомнителен туку „диригиран“, а за се виновни се – парите!

Имено, распоредот е направен така да првите шест екипи не играат помеѓу себе на стартот од шампионатот, ниту во последното коло. Тоа практично значи дека ждребот е „диригиран“ со што се дава предност на големите клубови и им овозможува поголем приход.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Поради што е тоа така?

Прво, првото коло традиционално се игра во половината на август, со други зборови тоа значи послаба гледаност, во прашање е сезона на одмори, луѓето се надвор од Англија и јасно е дека тоа не влијае толку на посетеноста, но и тоа како влијае на бројот на луѓето кои ги следат натпреварите на телевизија..

Вториот случај е последното коло. Во таа ситуација има голема можност да се игра дерби кое не би го гледал никој бидејќи според правилата сите натпревари од последното коло се играат во исто време.

На овој начин лигата сака да обезбеди поголема гледаност, на тоа се обврзува при договорот за ТВ правата, но тоа не им беше соопштено на навивачите кои секогаш се сомневаа зошто нема дерби во првите кола.

Исто така најдобрите клубови не играат помеѓу себе кога е планирано да се игра полуфиналето од ФА Купот кое во Англија го одвлекува вниманието од Премиер лигата. За разлика од другите земји на Островот купот и понатаму има големо значење, бидејќи сепак станува збор за најстарото фудбалско натпреварување во светот.

Здружението на навивачите најави разговор со лигата околу целата работа, а навивачите на Арсенал беа директни.

„Поважно е да се грижиме за оние кои доаѓаат на стадионите, отколку за оние кои натпреварите ги гледаат на ТВ екраните“, соопшти претставникот на здружението навивачи на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…