Главна трансфер цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на еден врвен голгетер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ не се задоволни од учинокот на Калиниќ и Андре Силва, па најверојатно двајцата ќе бидат продадени. За Хрватот интерес покажуваат Шалеке и Спартак Москва, а Португалецот најверојатно ќе заврши во Монако.
Многу напаѓачи се поврзуваат со „росонерите“, а денешното издание на „Кориере дело Спорт“ тврди дека Милан ги сака Манџукиќ и Белоти во „пакет“.
Познато е дека „росонерите“ веќе подолго време го следат напаѓачот на Торино, Гатузо е негов симпатизер, но смета дека покрај „Петелот“ на Милан му треба и искуство.
Поради тоа сакаат да ја искористат ситуацијата со Манџукиќ, кој најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус.
Манџукиќ на Милан може да му донесе искуство и лидерство, а несомнено дека со Белоти може да формира „пеколен“ тандем.
Il #Milan vuole #Mandzukic. Se la #Juventus lo lascia andare… ➡️ https://t.co/zkiDnyrkk9
— Corriere dello Sport (@CorSport) May 4, 2018