Дома Топ вести Тухел ја состави шопинг листата на ПСЖ: Главна мета ѕвездата на Барса!

Тухел ја состави шопинг листата на ПСЖ: Главна мета ѕвездата на Барса!

ПСЖ веќе се спрема за новата сезона, Емери заминува, а иако не е официјално, познато е дека нов кормилар ќе биде Томас Тухел.

Тухел ќа направи реконструкција на тимот, неколку ѕвезди сигурно ќе заминат, а веќе е составена новата шопинг листа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Светците“ имаат проблеми со Финансискиот фер-плеј, па јасно е дека неколку ѕвезди ќе го напуштат Париз. Ди Марија, Пасторе, Муние и Курзава сигурно ќе бидат продадени, а можно е да бидат продадени и Кавани и Тиаго Силва.

Тухел веќе ја состави шопинг листата, а главна желба е ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле со кого Германецот соработуваше во Борусија Дортмунд.

Дембеле не се вклопи добро во Барселона, а со доаѓањето на Гризман неговата минутажа додатно ќе се намали. За Каталонците тоа е проблем бидејќи за него платија повеќе од 100 милиони евра.

ПСЖ сака да ја искористи ситуацијата, но прашање е дали ќе може да плати 120 милиони евра колку што бараат Каталонците за потписот на Французинот.

Втората желба е Кристиан Ериксен од Тотенхем за кого „светците“ се спремни да платат 100 милиони евра, а сигурно ќе пристигне и еден лев бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…