Манчестер Сити супериорно ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона, но Гвардиола планира да го засили тимот за следната сезона да ги нападне трите трофеи.
Како што пренесуваат англиските медиуми Гвардиола е заинтересиран на „Етихад“ да ја донесе младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Леитин Бејли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот играч од Јамајка одлично се претстави во Бундес лигата оваа сезона, многумина го споредуваат со Арјен Робен, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Сепак, англиските медиуми тврдат дека Манчестер Сити е во предност за неговиот потпис, иако „граѓаните“ се уште немаат преземено никакви конкренти потези за негов ангажман.
Раководството на Сити планира по завршувањето на сезоната да испрати официјална понуда до Леверкузен од 45 милиони фунти.