Карлос Тевез и Фернандо Торес во летото кое следи би можеле да стана соиграчи.
Торес неодамна потврди дека ја игра последната сезона во дресот на Атлетико, си заминува на крајот на сезоната. Интерес за неговите услуги сега покажа тимот на ДЦ Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот од Вашингтон наскоро се сели на нов стадион и ова лето има намера да го засили клубот со неколку нови имиња, а покрај Торес нивна мета и Тевез.
Како што кажавме Шпанецот одлучи да го напушти Атлетико, додека Тевез е член на Бока Јуниорс каде што се врати после неуспешната сезона во Кина и се уште не се огласил дали и наредната сезона ќе биде дел од клубот кој е во неговото срце.
Доколку успеат во својата намера и состават ваков напаѓачки тандем сигурно дека тоа би придонело за квалитетот на ДЦ Јунајтед.