Дома Фудбал Сега првиот избор за наследник на Конте доаѓа од Бундес лигата!?

Сега првиот избор за наследник на Конте доаѓа од Бундес лигата!?

Британските медиуми објавија дека наследникот на Антонио Конте кој многу веројатно заминува на крајот на оваа сезона доаѓа од Бундес лигата.

Како што пишуваат медиумите на Островот, како нов кандидат и тоа сериозен се истакнува 30 годишниот стратег на Хофенхајм, Нагелсман.

Иако не потврдиле ниту Челзи, ниту Конте, медиумите веќе подолго време му бараат замена. Сите очекуваат сегашниот стратег да замине по завршувањето на актуелната сезона.

Младиот Нагелсман наводно сега е прв избор, откако во Челзи не постигнале договор со Луис Енрике. Сепак покрај „сините“ се пишува дека интерес за Нагелсман покажувале и уште неколку европски гиганти, помеѓу кои и Арсенал.

Фудбалскиот свет на сегашниот 30 годишен стратег на Хофенхајм му предвидува голема кариера. Нагелсман во првата сезона во Хофенхајм успеа да го зачува прволигашкиот статус, а потоа една сезона подоцна се избори за четвртото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…