Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Во Бразил одекна БОМБА: Нејмар почна со тренинзите, се подготвува за Мундијалот

Во Бразил одекна БОМБА: Нејмар почна со тренинзите, се подготвува за Мундијалот

Бразилскиот фудбалер, Нејмар веќе речиси два месеци се наоѓа надвор од теренот, а до дозвола на ПСЖ одлучи да закрепнува во Бразил.

Нејмар се повреди пред реванш мечот во осминафиналето во ЛШ против Реал Мадрид, кога се здоби со скршеница на коската на стапалото. Бразилецот мораше да замине на операција, а во неговата татковина стравуваа дека ќе го пропушти СП во Русија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, фудбалерот на ПСЖ чекор по чекор успешно закрепнува во Бразил, а според пишувањата на тамошните медиуми, веќе почнал и лесно да тренира. Нејмар сигурно ќе биде подготвен за стартот на Мундијалот, а постои можност до крајот на сезоната да одигра и еден меч во дресот на Парижаните.

Оваа вест во Бразил одекна како бомба, и на навивачите на Кариоките конечно им падна камен од срце. Секако, од Нејмар се очекува ова лето да ја предводи екипата на Бразил до шестата титула во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…