Дома Фудбал Италија Пјаниќ го пофали судијата: Не заслужив црвен картон!

Пјаниќ го пофали судијата: Не заслужив црвен картон!

Плејмејкерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ не смета дека требало да добие црвен картон на синоќешното дерби против Интер на „Џузепе Меаца“.

Пјаниќ имаше еден жолт картон кога во второто полувреме остро со лакт во главата го фаулираше Рафиња, за што судијата Орсато реши да не му додели втора опомена, и покрај протестите на фудбалерит на Интер.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Мојот прв жолт картон не беше заслужен, но ја разбирам таа одлука на судијата, бидејќи Интер веќе беше со играч помалку. Целиот стадион сакаше судијата да ми покаже жолт картон и за тоа му честитам што не подлегна на притисокот“, изјави Пјаниќ.

„Можеби мојот фаул над Рафиња беше за жолт картон, но првиот картон го добив неправедно, па судијата компензираше. Не заслужив црвен картон и затоа му честирам на судијата за вистинската одлука“, заклучи Босанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…