Дома Останати Тенис Надал со 400-та победа на земја си обезбеди финале во Барселона

Надал со 400-та победа на земја си обезбеди финале во Барселона

Првиот тенисер во светот Рафаел Надал се пласираше во финалето на АТП турнирот во Барселона и така ја продолжи неверојатната серија на земјена подлога.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Надал без изгубен сет стигна до борба за трофејот во Барселона откако го елиминираше десетиот играч во светот Давиде Гофан со 6:4 и 6:0.

Белгиецот добро го започна мечот, отвори со брејк и поведе со 2:0. Меѓутоа после два гејма Надал се избори за изедначување.

За конечни 6:4 уште еднаш му го одзема сетот на Гофан после што врза шест добиени гејмови за 6:0 во вториот сет.

Надал со ова ја продолжи суровата серија на земја и во низа освои 44 сета! Исто така ова за Шпанецот беше рекордна 400 победа на најспората подлога во кариерата.

За трофејот во Барселона Шпанецот ќе игра против Гркот Стефано Циципас кој го изнеади Пабло Карења.

Грчкиот тенисер ќе се бори за својот прв АТП трофеј, а Надал 11 во престолнината на Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ има нов тренер – ќе го почне „ловот“ на Ролан Гарос

Веќе некое време Новак Ѓоковиќ кажува дека новиот главен тренер би можел да биде само неко…