Дома Фудбал Останато Венгер добил понуда која би го направила најплатен тренер во светот!

Венгер добил понуда која би го направила најплатен тренер во светот!

wenger

Искусниот Арсен Венгер неодамна потврди дека на крајот на оваа сезона после 22 години го напушта Арсенал.

Венгер во клубот од Лондон пристигна далечната 1996 година, а во разговор со управата на клубот било одлучено после 22 години да ги напушти „топчиите“. Францускиот стручњак тоа го потврди со соопштението до јавноста пред неколку дена, но порача дека ќе ја продолжи својата тренерска кариера.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Венгер веќе има неколку понуди од Франција и Англија, но и од Кина.

Наводно, еден од кинеските клубови го контактирал Венгер и му понудил годишна плата од неверојатни 24 милиони фунти! Доколку францускиот стручњак се одлучи да ја прифати оваа понуда би станал најплатен тренер во светот.

Во овој момент на првото место е Италијанецот Марчело Липи кој е селектор на Кина.

Сепак, многумина веруваат дека и покрај ваквата понуда Венгер ќе остане во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Реал Мадрид немаат дилеми кој ќе биде капитен по Начо

Шпанскиот фудбалер Начо Фернандез вчера прифатил двегодишна соработка од Ал Кадсија и таму…