Работите за Ливерпул изгледаат навистина одлично, бидејќи нивниот напад е еден од најдобрите во Премиер лигата и Лигата на Шампионите каде што успеаа да ја победат Рома со 5:2 на „Енфилд“ во првиот натпревар од полуфиналето во најеилитното натпреварување.
Големата победа против Рома, можеби беше малку неочекувана, но прилично добра пред реваншот кој ќе се одигра во Рим. Меѓутоа, за време на викендот одиграа 2:2 против ВБА и Клоп не е задоволен од тој резултат. Начинот на кој тимот на Јирген Клоп има добра врска е доволен да ги пробуди сите навивачи. Бидејќи неговите засулувања беа полн погодок. Ова лето беа доведени Салах, Чембрлен и Роберсон, а сите настапија над сите очекувања, додека Ван Дијк изгледа како авторитетен дефаназивец кој му требаше на Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Две ѕвезди од Серија А се наоѓаат на трансфер листата на Ливерпул пишува „The Times“. Голманот на Рома, Алисон преговара со Ливерпул, а изгледа дека и тој сака да тргне по патот кој го помина Салах. Ливерпул го доведе египетскиот крал за 37 милиони фунти, непосредно пред трансферите на пазарот да експлодираат. Но, иако Алисон долго се поврзува како потенцијален играч на Ливерпул, играчот на Наполи Жоргињо е релативно ново име со кое се поврзува со клубот.
Италијанскиот државјанин со бразилски корени беше играч за врска од висок профил кој јасно е на трансфер листата на Ливерпул, со Кеита кој веќе доаѓа во бесплатен трансфер на крајто од сезоната. Ова ќе биде едно жешко и многу интересно лето.