Дома Трансфер зона Раиола има „формула“ која му одговара на Јувентус – „дамата“ може да го добие Погба назад „на рати“?!

Раиола има „формула“ која му одговара на Јувентус – „дамата“ може да го добие Погба назад „на рати“?!

pogba

Пишуваат и италијанските и англиските медиуми, но во овој момент оваа опција изгледа малку веројатна.

Не престануваат гласините за заминување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед, а сега во медиумите се појави вест која Французинот го поврзува со враќање во Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус не е премногу заинтересиран, но Раиола наводно се обидува да пронајде начин кој би го привлекол вниманието на Италијанците, а исто така и би му одговарал на Јунајтед.

Според „формулата“ на Раиола, Погба би пристигнал во Торино на една годишна позајмица, а потоа би бил исплатен во две рати. Со други зборови Јувентус би платил околу 140 милиони евра во наредните три години, но и Погба би морал да се согласи на помала плата.

Италијанските медиуми пишуваат дека тој начин на трансфер би му одговарал на Јувентус кој ова лето се очекува да направи реконструкиција, посебно во средината на теренот каде што се сигурно само Миралем Пјаниќ и Матуиди.

Во клубот би требало да пристигне Емре Чан, но тоа не е 100% сигурно. Кога во прашање се заминувањата наводно први на листата се Кедира, Маркизио и Стураро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…