Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ во јавноста пласираше сензационална вест дека Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија.
По заминувањето на Вентура, Италијанците се во преговори со разни потенцијални решенија, но изгледа дека на крајот постигнале договор со Анчелоти кој е без ангажман откако го напушти Баерн во септември 2017 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истиот извор пишува дека главен услов на Анчелоти бил тој да си го состави тренерскиот тим. Па така, помошници би требало да му бидат синот Давиде Анчелоти, Масимо Амбросини и Андреа Пирло кој неодамна ја заврши фудбалската кариера.
Наводно Анчелоти на клупата на „Аѕурите“ ќе заработува пет милиони евра годишно, што е многу за еден селектор, но сепак и многу помалку од она што го добиваше во Баерн Минхен.
Искусниот 58 годишен стручњак во текот на својата кариера ги водеше Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал и Баерн. За крај се наведува и дека официјалната потврда за соработката помеѓу Анчелоти и Италија се очекува наскоро.