Дома Топ вести Иниеста: Оваа недела ќе ја објавам мојата одлука!

Иниеста: Оваа недела ќе ја објавам мојата одлука!

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста откри дека во следните денови и официјално ќе ја соопшти одлуката за неговата иднина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми се убедени дека 33-годишниот плејмејкер ќе го напушти „Камп Ноу“ и кариерата ќе ја продолжи во Кина.

„Оваа недела ќе ја објавам мојата одлука. Работите во голем степен се веќе јасни, поради тоа многу сакав се да помине добро во финалето и да победиме. Од првата минута се беше како што треба“, изјави Иниеста после победата над Севиља.

„Беше голема вечер како за тимот, така и за мене. Многу го сакавме овој Куп, па поради тоа сум среќен, иако сите се уште не боли поразот од Рома во Лигата на шампиони“, додаде Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…